Утрински Весник
Македонија

(Видео) Пендаровски се обрати на состанокот на високо ниво по повод 25-годишнината од Четвртата светска конференција за жените

(Видео) Пендаровски се обрати на состанокот на високо ниво по повод 25-годишнината од Четвртата светска конференција за жените

Претседателот Стево Пендаровски преку видео-порака се обрати на состанокот на високо ниво по повод 25-годишнината од Четвртата светска конференција за жените, што се одржа во рамки на 75. сесија на Генералното Собрание на Обединетите Нации на тема „Забрзување на реализацијата на родовата еднаквост и еманципирањето на сите жени и девојки“.

На настанот, преку претходно снимени видео-пораки се обратија над 170 шефови на држави и влади, како и претставници на невладини организации што работат во сферата на родовата еднаквост.

Со обраќањето на денешниот настан, претседателот Пендаровски го заврши учеството на 75. Генерално Собрание на Обединетите Нации, што годинава, поради пандемијата од Ковид-19, се одржа без физичко присуство на светските лидери во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Средба Мицкоски-Селф во Вашингтон: Разговори за зајакнување на партнерството со САД

Судот го осудил Јакимовски, а не било утврдено каков е објектот – Врховен ги укина пресудите

Левица: Кого прави будала Јаневска? Каде во листите за студентски домови се објавени бодовите како што наложува Правилникот?!