Утрински Весник
Магазин

(Видео) Овој момент – нов видео запис на Горан Папаз и Влатко Стефановски

Саксофонистот Горан Папаз објави нов видео запис насловен „Овој момент“, каде гостува и легендарниот Влатко Стефановски.

„Не можам да опишам со зборови колку ми значи ова парче музика на кое ми гостува човекот кој никого не’ оставил рамнодушен со неговото свирење. Бескрајно сум благодарен на маестро Влатко Стефановски и на сите што работеа на овој проект“, напиша Горан Папаз.

Видеото е изработено од страна на нашиот познат режисер и сценарист Гоце Цветановски.

Аранжманот и продукцијата на песната се на Гоце Симоноски, мастерингот е на Лазар Цветкоски а музиката е на Горан Папаз.

Песната е снимена и работена во студиото на Лазар Цветкоски и Танче Гроздановски.

Можете да прочитате

Родната куќа на Хитлер во Австрија се претвора во полициска станица

Кога навистина снимаат камерите доколку ја надминеме дозволената брзина

„Погледнав во смртта и се вратив“ – потресна исповед на патникот кој висел надвор од авион на „Рајанер“ над Македонија