Утрински Весник
Свет

(Видео) Обилните врнежи предизвикаа големи поплави во Сиднеј

Големи области на најголемиот град во Австралија се под вода поради обилните врнежи кои предизвикаа сериозни поплави во ниските области – при што нивото на водата достигна 1,5 метри во некои предградија, јавуваат тамошните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Државната служба за итни случаи на Нов Јужен Велс ги советуваше жителите да евакуираат неколку области, предупредувајќи дека дождот нема да престане барем до понеделник.

Медиумите јавуваат дека од почетокот на месецот во областа Сиднеј веќе наврнале четири пати повеќе дожд отколку што вообичаено паѓа во текот на целиот јули.

Австралиската метеоролошка служба предупреди дека нивото на водата во регионот би можело да се зголеми барем толку високо како што беше во март, кога големи делови од истите области на градот доживеаја сериозни поплави.

Велат дека водата над браната Варагамба веќе се излеала.

Метеорологот Џонатан Хау изјави за ABC дека во селото Менангл, околу 70 километри југозападно од Сиднеј, нивото на реката веќе достигнало 16,5 метри, нешто под рекордот од 16,8 метри постигнат во април 2022 година.

Можете да прочитате

Туск свика состанок со безбедносните служби поради закана за шпионажа

Гутереш: Израелска офанзива врз Рафа би била стратешка грешка и хуманитарен кошмар

Автобус излетал од пат во Перу, најмалку 10 лица загинале