Утрински Весник
Свет

(Видео) Египет затвора дел од брегот на Црвеното Море по нападот на ајкула

Ss2

Египетските власти денеска затворија дел од брегот на Црвеното Море, откако туристка им подлегна на повредите по напад на ајкула во близина на Хургада.

dobivaj vesti na viber

Австријка (68), на која ајкула и ги скинала раката и ногата, починала во приватна болница во Хургада, соопштил неименуван египетски функционер, пренесуваат светските медиуми.

Од интерен документ од канцеларијата на гувернерот на Црвеното Море, според АП, египетските власти ќе го затворат брегот на три дена и ќе ги забранат сите поморски активности, вклучително и нуркање, сурфање на ветер и китинг, како и рибарски чамци.

На видеото кое е објавено на интернет се гледа како нападот на ајкулата е релативно блиску до брегот.

Поради оваа несреќа во следните три дена, почнувајќи од петок, на овој простор е забрането пливање, нуркање и риболов. Станува збор за дел кој е полн со популарни одморалишта, а самиот напад се случил недалеку од едно од нив, пишуваат медиумите.

Инаку, во Црвеното Море живеат над 40 различни видови ајкули, меѓу кои најзастапени се гребенските ајкули, но и црните и ајкулите Лонгманус.

Ss1

Можете да прочитате

Лавров: Западот се приближува до работ на директен воен конфликт меѓу нуклеарните сили

Хамас повика на ескалација на сите фронтови

Шпанија формира фонд за жртви на сексуална злоупотреба од свештеници