Утрински Весник
Свет

Словачка сака да ја набави руската вакцина пред таа да буде одобрена во ЕУ

Словачка сака да ја набави руската вакцина пред таа да буде одобрена во ЕУ
Img 5587

Словачка би можела да започне преговори за набавка на руската вакцина спутник В пред таа да биде одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА), соопштија денеска словачките власти.

Кога се во прашање земјите членки на ЕУ, спутник В во моментов е одобрена само во Унгарија. ЕМА претходно месецов објави дека сè уште не добила барање за одобрување на руската вакцина за европскиот пазар, иако производителот тврди дека тоа е веќе направено.

300x250 (7)

„Вистинско време е Владата да започне разговори со руската страна за набавка на спутник В“, напиша словачкиот премиер Игор Матовиќ на „Фејсбук“.

„Владата ќе разговара за ова во четврток наутро“, објасни тој, додавајќи дека ја поддржува одличната вакцина со голема ефикасност.

„Засега во ЕУ ја користи само Унгарија, но не гледам зошто и ние да не ја користиме“.

Словачкиот министер за здравство Марек Крајчи истакна дека вакцината ќе се користи само доколку се покаже безбедна, односно дека локалните здравствени власти треба да бидат убедени оти процесот на производство е прецизен.

Чешкиот премиер Андреј Бабиш исто така рече дека неговата земја размислува да ја одобри спутник, но подоцна изјави дека сепак ќе се чека одобрување од ЕМА.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Унгарската опозиција протестираше против Орбан

Директорот на ЦИА итно оди во Доха, делегацијата на Хамас го напушта Каиро

Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема