Утрински Весник
Свет

(Видео) Непроспиена ноќ во Петриња и Глина – граѓаните останаа на улица поради страв од нов земјотрес

(Видео) Непроспиена ноќ во Петриња и Глина – граѓаните останаа на улица поради страв од нов земјотрес

Многумина жители на Петриња, Глина и Мајске Пољане ја поминаа ноќта на улица крај огнот поради страв од нов земјотрес откако вчерашните домови им беа целосно уништени. Повеќето спиеја во своите автомобили пред куќите или воопшто не спиеја. Ова го потврди градоначалникот на Глина изутринава за хрватските медиуми.

„Пред една минута или две почувствувавме земјотрес. Го слушав градоначалникот на Петриња, исто е и во Глина, не е ништо подобро, некои луѓе беа сместени, некои не сакаа да ги напуштат своите куќи, ја поминаа ноќта смрзнувајќи се во автомобили,но голем дел од луѓето беа згрижени.Во текот на денот ќе ги посетиме и другите населени места. Имаме 35,36 населени места погодени од земјотресот. Помош доаѓа од сите страни, тешко е да се каже што ни треба, шатори сигурно, но во текот на денот ќе знаеме подобро“, вели тој.

„Некаде куќите беа срамнети со земја, некаде паднаа оџаците“, додаде градоначалникот на Глина за ХРТ утрово. Петмина луѓе од Глина загинаа во вчерашниот разорен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, којшто на погоди Хрватска. Двајца беа извлечени од под урнатините. Вкупниот број на загинати во земјотресот е седум лица, а десетици беа повредени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно