Утрински Весник
Магазин

(Видео) Натали Емануел од „Игра на тронови“ во нов хорор филм

Срдечно сте поканети на кошмар кој се создава со генерации – oва е пораката на филмот „Покана за пекол“, кој европската публика ќе има можност да го гледа во киносалите од овој четврток, пред неговото отворање во САД.

dobivaj vesti na viber

Тоа е хорор трилер кој излегува од рамката на својата тематика.

На прв поглед, филмот изгледа многу мистериозно. Во преден план е младата Еви (Натали Емануел), која преку ДНК тест доаѓа до нови роднини и е поканета на свадба во Англија. По кратко убедување, таа сепак се согласува и оди на друг континент за да се сретне со остатокот од своето непознато семејство на свадбата.

И сè изгледа како бајка – прекрасен замок, слугинки и персонал, луксузна соба и нова симпатија Волтер (Томас Доерти од серијата Gossip Girl) која секој ден станува нешто повеќе. Сепак, Еви забележува необични работи во замокот кои почнуваат сериозно да ја вознемируваат. Со прашањето: „Каде се невестата и младоженецот?“, започнува нејзиниот најлош кошмар и борба за живот.

Ова е прва главна улога на Натали Емануел, која инаку се прослави во серијата „Игра на тронови“ и филмската сага „Брзи и бесни“.

Можете да прочитате

Филмскиот и телевизиски проект за Тоше Проески ќе се снима во 2027 година, премиерата најавена за 2028

Австралијка обвинета за обид за труење колешка, со која наводно била во врска

„Меморија“ на 23 октомври со концерт во „Јане Сандански“