Утрински Весник
Македонија

(Видео) Мицкоски: Им посакувам на вевчанци успешни карневалски денови

(Видео) Мицкоски: Им посакувам на вевчанци успешни карневалски денови

Хриситијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, по повод традиционалниот вевчански карневал, денеска беше во посета на Вевчани.

Како што истакна тој оваа посета ќе ја искористи да поразговара со граѓаните околу актуелната состојба како живеат, каков е животот, со кои проблеми се соочуваат.

Тој додаде дека ќе има можност да разговара и со луѓето од локалната самоуправа, со градоначалникот кој што е нов и е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски додаде дека овие посети покрај тоа што имаат забавен карактер треба да имаат и работен дел, затоа што она кое што нас како народна партија не интересира тоа е што мисли народот, како живее народот, каде можеме ние да помогнеме и кои се проектите кои што од нас народот ги очекува не само како локална самоуправа туку како и идна централна власт.

Тој истакна дека очекува да преовлада весел дух и им посака на вевчанци успешен карневал и успешни карневалски денови.

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание