Утрински Весник
Македонија

(Видео) Лефков: Спасовски да си поднесе оставка, прикриваше убиство и МВР менуваше изјави се додека не излегоа снимки

(Видео) Лефков: Спасовски да си поднесе оставка, прикриваше убиство и МВР менуваше изјави се додека не излегоа снимки

Власта, Ковачевски и Спасовски прикривале убиство. Четири дена Спасовски и надлежните менуваат изјави, дека ракометарот Тот починал од природна смрт, па без траги од насилство, за на крај да признаат што всушност се случило. Но сепак не дадоа одговор зошто 4 дена криеја и требаше медиумите и опозицијата да извршат притисок за вистината да излезе на виделина, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ .

„ Во четвртокот МВР излезе со официјален став, преку нивната страна на фејсбук, со кој го класифицираат настанот како обична несреќа:

– МВР ја информира јавноста дека вчера (07.04.2022) во 04:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош.

Од снимката која излезе во медиумите јасно се гледа дека ракометарот Тот е тепан од три лица, а на настанот има десетина сведоци.

По оваа снимка од МВР менуваа ставови, а Спасовски и Ковачевски се уште молчат.

Овие снимки кои ги објавија медиумите, но и други снимки од околните објекти, како и од системот сејф сити ги поседуваат и во МВР, како и изјавите од сведоците на настанот. Но тие наместо да ја кажат вистината се втурнаа во прикривање на убиство“ рече Лефков.

Тој праша што правеле Јавното обвинителство и МВР со денови, и зошто требало јавен притисок за вистината да излезе на виделина. Според него, Спасовски треба веднаш да си поднесе оставка.

„ Со секој поминат ден на чело на МВР тој е опасност дека вакви настани ќе се случуваат и во иднина, и повторно тие ќе бидат прикривани. Недозволиво и грозоморно е власта да се впушта во прикривање на убиство. Одговорност мора да има“ порача Лефков.

Можете да прочитате

Денеска сончево време со повремен ветер

Македонски возач во притвор по несреќа со Брза помош во Србија

Клековски: Да нема „слободни јавачи“ на епидемијата – Пановски му возврати да ги предупреди медиумите да не го бараат