Утрински Весник
Македонија

(Видео) Костадинов: Мицкоски на грбот на народот печалеше од цената на струјата, лицемерно е сега да биде загрижен

(Видео) Костадинов: Мицкоски на грбот на народот печалеше од цената на струјата, лицемерно е сега да биде загрижен
Img 5587

Многу е голема веројатноста дека Христијан Мицкоски е заплеткан во бизнисите со хидроцентрали, на грбот на граѓаните, изјави на денешната прес-конференција, портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Тој лично беше косопственик на 3 мали хидроелектрани кои имат загарантиран 20-годишен договор по цена на струја што ја плаќаме сите ние граѓаните. Секој еден граѓанин, секое семејство му плаќаше на Мицкоски за овие хидроелектрани“, посочи партискиот портпарол.

Ss1

Според него, за четири години, поточно во 2016, 2017, 2018 и 2019, хидроелектраните во кои Мицкоски имал удел заработиле близу еден милион евра, односно 56 милиони денари.

„На ист начин и Пелагонија Енерџи на неговиот финансиер и тајкун Орце Камчев, од хидроелектрани инкасирала над 33 милиони евра за 5 години, во периодот од 2015-2019 година“, нагласи Костадинов.

Портпаролот на СДСМ рече и дека Мицкоски ќе остане запаметен како најнеспособниот директор на АД ЕЛЕМ, но и како советник за енергетика во Владата на Никола Груевски, Влада која, како што рече, носела погубни енергетски политики.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Петровска: Од “Никогаш северна, само Македонија” – ДПМНЕ го избриша името Македонија од Статут

Давкова: Не очекувајте јавно да му се спротивставам на господинот Мицкоски, тој е лидер на партија

Пендаровски: Ветинг на политичарите во прва линија, па потоа на судии и јавни обввинители, почнувајќи од 90-тите години