Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ковачки: Ковачевски и Османи 6 месеци го преговарале последниот предлог со кој се бугаризира Македонија

300x250 (7)

Димитар Ковачевски и Бујар Османи 6 месеци тајно преговарале за последниот предлог што стигна во Бугарија и во Македонија. Со месеци е усогласуван предлогот за бугаризација на Македонија и за тоа амин има од Ковачевски и Османи, истакна на денешната прес-конференција Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Владата, вели тој, прифатила во преговарачкиот процес државата да добие рамка со бугарски условувања, кои практично значат бугаризација на државата и асимилација на народот доколку сакаме да влеземе во ЕУ. Предлогот, како што оценува, задира во македонското уредување и удира во темелите на државноста.

Ss1

„Доколку Ковачевски е толку сигурен во предлогот што го преговарал и договорил, тогаш единствено исправно е тој да распише избори. На тие избори тој и СДСМ ќе го бранат предлогот за бугаризација и ќе сакаат негова имплементација, а ние ќе бидеме против. Па народот нека одлучи. Изборите што вака би биле распишани би биле референдумски избори, на кои граѓаните ќе имаат јасен избор – или се за предлогот за бугаризација на државата или против. Или со СДСМ државата ќе тоне или со ВМРО-ДПМНЕ ќе ја застанеме државата на нозе“, рече Ковачки.

ВМРО-ДПМНЕ, како што појасни, тврди дека овој предлог е лош за Македонија и не е заснован на никакви европски вредности.

„Ковачевски има уште простор да се предомисли и изречно да го отфрли последниот предлог, без воопшто да преговара дополнително. Овој предлог е неправеден кон Македонија, која 22 години е во чекалницата на Унијата, од потпишувањето на актот за стабилизација и асоцијација до денеска. На Македонија ѝ треба европска перспектива, која ќе биде заснована на заемна почит, а не на омаловажување“, дополни Ковачки.

Ss1

Можете да прочитате

Спасовски: На крвавиот 27 април не се повлековме, нема да се откажеме од Македонија ниту на 8 мај!

Мицкоски: Бранот на промени ќе ја порази оваа власт

Битиќи: На 8 мај гласовите се бројат од нула