Утрински Весник
Македонија

(Видео) Каевски: Антиеу коалиција, тоа што Мицкоски го мисли го кажува Апасиев

04.07.2022 Kaevski

 

Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев се истурените ликови на анти НАТО и анти ЕУ коалицијата. Она што Мицкоски го мисли го кажува Апасиев, она што Мицкоски го нарачува Апасиев го одработува, изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

„ Мицкоски и проруската инсталација Апасиев заедно шират хистерија преку лажни вести и навреди. Во предлогот на француското претседателство јасно може да се види дека се содржани нашите ставови и забелешки, дека имаме чист македонски јазик во ЕУ, дека македонскиот идентитет е заштитен целосно, а историските прашања не се дел од преговарачкиот процес.

Но, не е ова прв пат ВМРО ДПМНЕ и Левица заедно да се обидуваат и да создаваат тензии. Се уште се сеќава јавноста на лагите на ВМРО ДПМНЕ и Левица за кантонизација, федерализација, мигрантски кампови, дека со Преспанскиот договор се продавал идентитетот, за бугаризација. Лагите на ВМРО ДПМНЕ и Левица немаат карај, тоа се десруктивни партии кои не сакаат државата да оди напред, бидејќи така им одговара“ рече Каевски.

Тој го обвини Мицкоски дека јавно признал дека не сака во ЕУ, а дека Апасиев сонувал за Русија.

„ Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и Левица не и мисли добро на државата, напротив тие сакаат државата да биде изолирана, внатрешно поделена и наместо европска, да има несигурна и неизвесна иднина. Граѓаните одамна знаат какви деструктивци се Мицкоски и Апасиев, и затоа и овие обиди нема да им успеат“ порача Каевски.

Можете да прочитате

Ковачевски: Со ВМРО ДПМНЕ повторно ќе заглавиме во изолација

ДКСК препорача АСЈО да ја стави во мирување постапката за прием на 130 слушатели

Маричиќ: Важна промена, државните енергетски компании ќе станат сопственост на граѓаните