Утрински Весник
Македонија

Едно лице тешко повредено во сообраќајка во Гостивар

Soobrakajka 1 696x464

 

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на ул.„ЈНА“ во Гостивар.

Според информациите, несреќата се случила меѓу „фолксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ќ.И.(47) од с.Желино, тетовско, товарно возило „пежо“, управувано од А.У.(46) од с.Здуње, гостиварско и патничко возило „мерцедес“, управувано од В.С.(34) од Гостивар, двете со гостиварски регистарски ознаки.

Во несреќата, возачот А.У. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар во Гостивар. Увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

Можете да прочитате

Мицкоски: Шокирачки се политичките одлуки на Врховниот суд за модуларната болница, Ласкарци и редица други случаи

Каранфилова-Пановска: Мицкоски изнесе брутална лага на надзорната расправа за Алта банка, Обвинителството мора да постапи

Обвинителството ќе постапи ако утврди елементи на кривично дело за Алта банка, Савески не открива дали е отворена предистражна постапка