Утрински Весник
Свет

(Видео) Избувна пожар во индискиот Институт за серуми, најголемиот светски производител на вакцини

(Видео) Избувна пожар во индискиот Институт за серуми, најголемиот светски производител на вакцини

Пожар избувна во производствен капацитет што му припаѓа на најголемиот светски производител на вакцини, Институтот за серуми во Индија (СИИ), пренесува РТ. Службите за итни случаи биле повикани во фабрика на СИИ во Пуна откако избувнал пожар на петтиот кат. Менаџментот на компанијата изјави дека производството на вакцини против Ковид-19 не е засегнато.

Извршниот директор Суреш Јадхав потврди дека објектот се користи за производство на вакцината BCG, што се користи првенствено против туберкулоза.

СИИ е најголемиот светски производител на вакцини и во моментов масовно ја произведува „ковишилд“, вакцината против Ковид-19 на „АстраЗенека“. Јадхав потврди дека објектот во кој се произведува „ковишилд“ е далеку од пожарот.

Градоначалникот на Пуна, Мурлидар Мохол, рече дека бил примен повик во 14,50 часот по локално време со предупредување за пожарот. Тој рече дека 10 пожарникарски возила и најмалку две дополнителни цистерни се испратени на местото на инцидентот.

Акцијата за спасување е во тек според шефот на пожарникарската служба „ПМЦ“,  Прашант Ранписе.

„Во зградата имаше четири лица. Досега спасивме три лица иако чадот ја отежнува работата. Пожарот се прошири на третиот, четвртиот и петтиот кат “, изјави Ранписе пред новинарите.

 



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во италијанско пристаниште запленети 250 килограми кокаин од Еквадор

Aстразенека горда на својот придонес за ставање крај на пандемијата: Само во првата година спасени над 6,5 милиони животи

Протест за Газа пред универзитетот во Амстердам, студентите поставуваат блокади