Утрински Весник
Македонија

(Видео) Заев: Јавното здравство го нуди истото што го има приватното

(Видео) Заев: Јавното здравство го нуди истото што го има приватното

Премиерот Зоран Заев, на седницата за пратенички прашања во Парламентот, одговори и на пратеничко прашање околу справувањето на државата со пандемијата и побара да не се шират, како што рече, лажни пропаганди и да се поигрува со чувствата на граѓаните, со цел добивање политички поени.

„Јавното здравство е достапно за сите. Болен од коронавирусот не плаќа ништо во јавното здравство. Ништо повеќе нема во приватното здравство, што има во јавното здравство. Сè што не може да се најде како лек или лекарска интервенција, државата плаќа во приватното здравство или надвор од државата и ова важи за сите граѓани“, рече Заев.

Тој во обраќањето побара да не се напаѓаат неосновано здравствените експерти или да се упатуваат закани кон министерот за здравство и претставници на Владата, бидејќи тоа се закани.

„Нема повисок приоритет од здравјето на луѓето и никој нема да нè спречи да го штитиме здравјето на граѓаните“, порача премиерот.

Можете да прочитате

Тетовец украл електричен тротинет – 24info.mk

Тошковски: МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова” заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот

Граѓанска држава или систем на колективни привилегии?