Утрински Весник
Македонија

(Видео) Заев во Битола: Офицерскиот дом блеснува во стариот свој сјај

(Видео) Заев во Битола: Офицерскиот дом блеснува во стариот свој сјај

Прмиерот Зоран Заев денеска заедно со министерката за култура Ирена Стефоска на терен извршија обиколка и се информираа за динамиката на реконструкцијата на Офицерскиот дом во Битола.

При увидот, премиерот и министерката беа информирани дека по успешно подготвената проектна документација за објектот, ентериерното уредување е во завршна фаза и дека во Предлог-буџетот, кој треба да биде усвоен од Советот на општина Битола, локалната самоуправа предвидува средства и за завршување на партерното уредување околу Офицерскиот дом.

Започнат во времето на Отоманската империја и изграден за време на српското владеење на овие простори во 1919 година, Офицерскиот дом, кој се користел за балови, а има и најсоодветна акустична сала за концерти, се очекува да биде ставен во функција во 2021 година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Велковски: На граѓаните ќе им се овозможи да докупат до две години стаж за пензија

Маж од Кратово со нож прободел полицаец

Уапсени 18 возачи за „безобѕирно управување возило“, 17 возеле без возачка дозвола и еден под дејство на алкохол