Утрински Весник
Македонија

(Видео) Заев: Вирусот во овој бран е многу поопасен и многу побрзо прогресира

(Видео) Заев: Вирусот во овој бран е многу поопасен и многу побрзо прогресира

Најновиот вирусен бран со новиот сој на вирусот, не се споредува со минатите бранови. Вирусот во овој бран е многу поопасен и многу побрзо прогресира, изјави премиерот Зоран Заев.

Тој вели дека на заболените граѓани се случува многу побрзо и неочекувано да им се влоши состојбата, дури и после првиот контакт.

„Во овој бран, заболуваат и млади луѓе и последиците и кај нив може да бидат исклучително сериозни, дури и фатални. И важно е, да се има предвид дека повозрасните граѓани, кои не се движат колку младите, сепак се доведуваат во ризик, поради можноста да им биде донесен вирусот дома. Затоа, клучно е да се ограничи бројот на контакти, коишто ги правиме со други луѓе“, рече премиерот.

Заев апелира до граѓаните да седат дома и да не се групираат.

Тој кажа дека новите мерки се воведуваат во пресрет на празниците, со цел да се овозможи празничните денови секој граѓанин и секое семејство да ги помине во мир и спокој, со саканите на број и на трпезата во домот.

„Ова е моментот кога треба да се исправиме најсериозно и најодговорно и да се заштитиме и себеси и нашите најблиски. Повикувам на максимална одговорност од сите. Сите заедно да се спротивставиме на ширењето на опасниот вирус. Сите заедно овие две недели да се исправиме и да го возвратиме ударот врз тековниот Ковид бран“, рече Заев.

Можете да прочитате

Вонредно прскање против комарци вечерва во Драчево поради западнонилската треска

Митева го објави новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Task Force удри по нарко-криминалот: 241 приведен, 131 претрес и десетици килограми дрога