Утрински Весник
Спорт

ВИДЕО: Жестоки свирежи од фановите за Меси и за Нејмар

Навивачите на ПСЖ не им го простуваат лесно поразот од Реал Мадрид и елиминацијата од Лигата на шампионите на своите миленици. Напротив, тие добија жестоки свирежи на денешниот меч против Бордо во француското првенство.

Најмногу на удар се Лионел Меси и Нејмар кои се сметаат за главни „виновници“ за поразот. Од нив фановите очекуваат многу повеќе.

Од свирежи единствено беше поштеден Килијан Мбапе, тој доби аплаузи при претставувањето, а и во текот на натпреварот.

> ВИДЕО: Жестоки свирежи од фановите за Меси и за Нејмар <

Можете да прочитате

Италијанецот Алесио Окипинти победник на 39. Охридски пливачки маратон

Милјана Релиќ победи и се пласираше во 1/4 финалето во таекводно на Медитеранските игри

Алкараз ќе го брани пехарот на УС опен