Утрински Весник
Свет

(Видео) Ексолозија и пожар на аеродромот во Женева

Голем пожар избувнал денеска по експлозија на аеродромот во Женева, поради што во прекин е авиосообраќајот, јавува „Дејли Мејл“.

На фотографиите и видеата објавени на порталот се гледа експлозија, пожар и густ чад.

Портпаролот на вториот најфреквентен аеродром во Швајцарија, Игнас Јанера, изјави дека се запалил нов прифатен центар за баратели на азил, кој се реконструира.

Очевидци велат дека слушнале експлозија, по што избувнал пожар.

Сите слетувања на аеродромот во Женева се суспендирани, додека за полетувањата одлучуваат пилотите.

Можете да прочитате

Вооружен маж отвори оган во близина на Белата куќа, осомничениот застрелан од Тајната служба

Трамп: Ги уништивме иранските глисери тоа е сè што им остана

Автомобил се заби во луѓе во Лајпциг: Двајца мртви, многу повредени