Утрински Весник
Свет

(Видео) Европската агенција за лекови со конечен став: Вакцината на „Астразенека“ е безбедна за употреба

(Видео) Европската агенција за лекови со конечен став: Вакцината на „Астразенека“ е безбедна за употреба

Европската агенција за лекови (ЕМА) попладнев потврди оваа дека вакцината на „Астразенека“ е безбедна и ефикасна против коронавирусот.

Како што беше посочено на прес-конференцијата, таа вакцина не предизвикува тромбоза и покрај тоа што имаше такви сомнежи.

Експертите наведоа дека ваквите случаи се ретки, дури и кај 20 милиони вакцинирани лица.

Комитетот за безбедност на ЕМА претходно изврши детална проценка на малиот број случаи поврзани со појава на згрутчување на крвта, до кои дошло кај лица кои претходно примиле вакцина од „Астразенека“.

По извештаите за случаи на згрутчување на крвта, многу земји во Европската унија престанаа да ја користат вакцината на британско-шведската компанија, што дополнително ја одложи и онака бавната кампања за вакцинација.

Многумина од нив најавија дека ќе ја чекаат финалната проценка и препорака на ЕМА.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ воведува нов граничен систем: Се укинуваат печатите од пасошите, странците ќе ги фотографираат

Мирот во Украина изгледа подалеку по телефонскиот разговор на Трамп со Путин

Руската Северна флота спроведе вежба со бродови и нуклеарни подморници во Баренцовото Море