Утрински Весник
Свет

(Видео) Голем број на починати во пожар во ковид-болница во Ирак

(Видео) Голем број на починати во пожар во ковид-болница во Ирак

Најмалку 52 лица загинаа, а други 22 се повредени во пожар што избувна на одделот за пациенти во болницата Ал Хусеин во Насирија, Ирак.

Премиерот Мустафа ал-Казими итно се состана со министрите и службениците за безбедност и им нареди да ги испитаат причините и последиците од пожарот, објави неговиот кабинет на Твитер.

Се наведува дека директорот на болницата и шефот на цивилната одбрана на провинцијата ДиКар биле сослушани од полицијата.

Прогласена е вонредна состојба во провинцијата Ди Кар.

Според медицински извор, пожарот бил предизвикан од експлозија на боца со кислород.

Во април, повеќе од 80 лица загинаа во слична трагедија во болница за ковид пациенти во Багдад, кога пожар беше предизвикан од експлозија на боца кислород.

„Жртвите починаа од изгореници а потрагата продолжува“, изјави Хаидар ал-Замили наведувајќи дека во тој оддел на болницата има 70 кревети.

Медицински извор рече дека успеале да евакуираат 20 пациенти од зградата што гори.

Можете да прочитате

Ужас во Австралија: Воспитувач силувал 60 девојчиња, бакнувал и бебиња – Осуден е на доживотен затвор

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен

Сибирски студ во Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата