Утрински Весник
Магазин

Саша Барон Коен тужи компанија за одгледување канабис, тврди дека не им дозволил да користат негов лик на билборд

Саша Барон Коен тужи компанија за одгледување канабис, тврди дека не им дозволил да користат негов лик на билборд

Саша Барон Коен во понеделникот поднесе тужба против компанијата за одгледување на медицински канабис Solar Therapeutics, со седиште во Масачусетс, САД.

Британскиот комичар во судските документи тврди дека компанијата не добила дозвола да користи негова слика за рекламен билборд – со ликот на Борат кој со кренати палци извикува „Убаво е“.

Адвокатскиот тим за Коен (49) во судските документи наведува дека користејќи ја неговата слика како Бруно на билборд, компанијата лажно го рекламира неговаиот имиџ, ги крши авторските права и го присвојува неговото право на публицитет, објави „Холивуд репортер“.

Адвокатот на Коен, Дејвид Кондон, во правните документи наведува дека Барон Коен никогаш не користел канабис во животот и никогаш не би учествувал во рекламна кампања за канабис, за која било сума пари.

„Со рекламниот билборд, обвинетите лажно ѝ пренесоа на јавноста дека господин Барон Коен ги поддржува нивните производи и е поврзан со нивниот бизнис,“ наведува адвокатот.

Можете да прочитате

КОИ СЕ НАЈЛОШИТЕ ВОЗАЧИ ВО ЕВРОПА? Ново истражување за 2026 открива шокантни навики зад воланот

Ѓумбирот е една од најздравите билки, но може да биде опасен за оваа група луѓе

Хороскопски знаци кои трошат без многу размислување