Утрински Весник
Македонија

(Видео) Велјановски: СДСМ и ДУИ експресно изгласаа ДУП за бизнис од 200 милиони за контроверзен бизнисмен

(Видео) Велјановски: СДСМ и ДУИ експресно изгласаа ДУП за бизнис од 200 милиони за контроверзен бизнисмен

СДСМ и ДУИ експресно изгласаа ДУП за бизнис од 200 милиони за контроверзен анти НАТО бизнисмен, кој слушнавме како вети дека дал поткуп на Заев, изјави денеска Александар Велјановски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој во името на опозициската партија го повика Јавното Обвинителство за организиран криминал и корупција да реагира и да отвори случај.

„СДСМ И ДУИ експресно на само еден ден по формирањето на владата, во Тетово носат измени во ДУП со кои му овозможуваат бизнис од 200 милиони евра на контроверзниот бизнисмен Миодраг Давидовиќ – Дака. Заради бизнис интерес на врвот на власта за кратко овде зад нас на местото на некогашниот гигант ШИК Јелак ќе никне бетонска џунгла со над 2.000 станбени единици, илјадници метри квадратни деловни простории и трговски центри. Криминал на дело“, вели Велјановски.

Како што истакна, на СДСМ и ДУИ им требало само еден ден да го реализираат ветувањето кон Дака, за кое пред изборите се зборуваше дека преку Зоран Милевски Кичеец владата земала 300.000 евра поткуп и добила ветувања за дополнителен поткуп доколку работата биде завршена.

„Според снимката која сите ја слушнавме Дака дава ветување за 2.000 м2. Дали тоа се 2.000 м2 станбен простор и кај кого треба да заврши?! Кој од власта ќе се офајди од авантата од 2.000 м2 станбен простор, што е еднакво на 40 стана од 50м2 ?! Односно 2.000.000 евра, доколку м2 површина се смета по цена од 1.000 евра. Ова ли се темелите на коалицијата СДСМ – ДУИ?! Бизнис интереси на штета на народот! Никој ниту локалната, ниту централната власт ги прашала граѓаните на Тетово дали сакаат на ова место зад нас да никне бетонска џунгла“, рече Велјановски.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Вечерва започна молкот за изборите на 8 мај

Пендаровски кон Силјановска: Два труда имате објавено на Скопус, што сте работеле како професор?

Граѓанин до функционери на ВМРО-ДПМНЕ: За седум години пензијата ми порасна за 48%