Утрински Весник
Македонија

Груби пред шведската амбасадорка зборувал за важноста на Охридскиот договор

Груби пред шведската амбасадорка зборувал за важноста на Охридскиот договор

Односите помеѓу Северна Македонија и Шведска, европските интаграции, Охридскиот договор и владеењето на правото се темите на кои се осврнале вицепремиерот и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби и амбасадорката на Кралството Шведска, Кристин Форсгрен Бенгтсон за време на денешната средба.

„За време на средбата со шведската амбасадорка, Груби не остави без да ја спомене важноста на Охридскиот договор, оценувајќи го како единствен договор кој што е во функција на сите заедници кои што живеат во Северна Македонија и пример за надминување на проблемите и во други земји во регионот но и пошироко“, информираат од неговиот кабинет.

Груби исто така рекол дека тој и неговиот тим ќе го направат невозможното за институциите во Република Северна Македонија да ја извршуваат својата работа без политичка инфлуенција и во овој случај да се овозможи законот да преовладува на најдемократски можен начин, да се засили борбата против корупцијата, не заборавајќи го и економскиот развој.

Како што информираат од Кабинетот на Груби, тој пред шведската амбасадорка истакнал и  дека како прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, ќе се ангажира со сите капацитети со цел да се одржи кохезијата во владата.

Амбасадорката Бенгтсон ја изразила својата поддршка за Република Северна Македонија и истакнала дека пријателството воспоставено со текот на годините меѓу двете земји ќе продолжи да се продлабочува. Бенгтсон нагласила за време на состанокот дека Шведска ќе продолжи да биде силен партнер за кохезијата на земјата и силен поддржувач на Северна Македонија на нејзиниот пат кон интеграцијата кон Европската Унија.

Бенгтсон и Груби за време на денешната средба, разговарале и за други прашања во земјата, како и за други случувања со кои се соочува регионот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Приведен дилер во Битола за издржување затворска казна

ЦУК: Поплавени подруми и гаража во охридско од поројниот дожд

Награди од „Литера“ за Наталија Лукомска, Живко Грозданоски, Бранислав Николов и Иванка Ниба