Утрински Весник
Свет

Истраги во Франција: Коњи пронајдени со ископани очи и исечени уши

Истраги во Франција: Коњи пронајдени со ископани очи и исечени уши

Истражителите отворија повеќе од 150 истраги за серија убиства и осакатувања на коњи низ Франција, изјави францускиот министер за земјоделство.

„Имаме неприфатлива ситуација на апсолутно суров чин“, рече министерот Жулијан Денорманди за радиото „Франс Инфо“, објави „Ројтерс“.

„Слушам страв, загриженост, немир кај сопствениците на коњи“, рече тој и додаде дека сопствениците на коњи имаат на располагање бесплатен број.

Полицијата соопшти дека немаат поим зошто се случуваат нападите врз коњите, кои се пронајдени со отсечени уши, ископани очи, и осакатени гениталии.

Се разгледува опцијата дека тоа може да бидат сатански ритуали, лов на трофеи или интернет-предизвик.

Педесетгодишен невработен човек беше уапсен на истокот на Франција во понеделникот во рамките на истрагата и беше ослободен без обвинение, изјави вчера неименуван полициски извор.

 



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

Италијанскиот министер за одбрана Кросето ги повика западните земји да се ангажираат за преговори со Путин

Сијарто: Посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Унгарија е од историско значење