Утрински Весник
Свет

(Видео) Бајден го заборави името на австралискиот премиер, нов гаф на американскиот претседател

(Видео) Бајден го заборави името на австралискиот премиер, нов гаф на американскиот претседател

Американскиот претседател Џо Бајден го заборави името на австралискиот премиер Скот Морисон, па го нарече „тој човек одоздола“ за време на прес -конференцијата на која беше претставен историскиот договор за безбедност со Австралија и Велика Британија.

Откако ги објави деталите за трилатералното партнерство чија цел е да се спротивстави на регионалното влијание на Кина, Бајден се сврте кон екранот на кој британскиот премиер беше поврзан преку видео врска и рече: „Благодарам Борис“.

Кога се сврте кон екранот на кој беше Скот Морисон, почна да се двоуми.

„Сакам да му се заблагодарам и на тој човек одоздола. „Многу ти благодарам, пријателе“, рече Бајден.

Не многу долго потоа, Бајден направи уште едно промашување.

„Чест ми е што имам со мене двајцата најблиски сојузници на Австралија и Обединетото Кралство, кои започнаа нова фаза од трилатералната безбедносна соработка.

Американскиот претседател, повторно заблагодарувајќи им се на колегите, конечно се сети на името на австралискиот премиер.

Можете да прочитате

Десничарските популисти стануваат „нова нормалност“ во европската политика

Ким: Русија има право на самоодбрана

Предвремени парламентарни избори на Исланд