Утрински Весник
Македонија

Приведен тетовец за фалсификување на пари

Приведен тетовец за фалсификување на пари

Тетовчанец бил уапсен од полицијата поради сомнение дека фалсификувал пари.

Имено вчера во 22.10 часот на ул.„Јане Сандански“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.К.(58) од Тетово поради сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на пари“.

На 14.09.2021 околу 22.00 часот во маркет на ул.„Јане Сандански“ во Тетово тој пуштил во оптек фалсификувана банкнота од 100 евра, за чија исправност вработен се посомневал и пријавил во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Оделе по невестата, го запреле сообраќајот – МВР ги казни сватовите

Дивеел на едно тркало по Партизанска, немал ни возачка дозвола – заработи две кривични пријави

Дожд, магла и непристапен терен: Успешно спасени двајца странски планинари на Шар Планина