Утрински Весник
Македонија

(Видео) Андоновски: Шилегов фатен во лаги, концертот на Дино Мерлин чини вкупно 300.000 евра

(Видео) Андоновски: Шилегов фатен во лаги, концертот на Дино Мерлин чини вкупно 300.000 евра
300x250 (7)

Нема тема на којашто градоначалникот во заминување Петре Шилегов не ја лаже македонската јавност. Дава одговори со неточна и лажна содржина постојано овие четири години, а тие лаги ги чинат скопјани стотици илјади евра, рече на денешната прес-конференција Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Зборовите на Шилегов се „ќе чини НУЛА денари и градот за тоа нема да плати средства“ . Во септември 2020 вели платил 80.000 за ѕвездата, а пари од градот биле дадени за бројни настани. Притоа вели дека парите биле дадени и за други настани, како на пример за пречекот на ракометарите“, кажа Андоновски.

300x250 (7)

Тој го презентираше Договорот на Град Скопје со МКЦ за како што потенцира, исплата на активности поврзани со дочек на нова 2020 година. А напомена дека вредноста на договорот е 9.660.000 денари.

„Опфаќа: Изнајмување техничка опрема 1.500.000 денари, други оперативни трошоци 800.000 денари, сместување на учесници, транспорт, авторски надоместоци, маркетинг, се заедно договорот вреди 9.660.000 денари. Дел од овие средства во висина од 1.300.000 ќе се дадат како АВАНС за отпочнување на предновогодишни активности, а другите пари ќе бидат дадени по концертот, до 15.03.2020 година. Потпис, градоначалник на Скопје Петре Шилегов и ЈУ МКЦ Русе Арсов“, посочи Андоновски.

Според него, разбиена е една голема лага, а тоа е како што рече, дека парите се употребени за пречекот на ракометарите, со бина и озвучување.

„На овој договор пак следува АНЕКС 2 на истиот Договор меѓу Шилегов и Арсов, со кој што се опфаќа ИЗМЕНА на деловите – Изнајмување техничка опрема и од 1.500.000 денари станува 6.500.000 денари, пет милиони денари повеќе а ставката Други оперативни трошоци од 800.000 денари стануваат 3.160.000 денари. Така, договорот за организација меѓу Скопје и МКЦ станува потежок и со анексот вреди 12.020.000. Договорот од 157.000 евра станува речиси безмалку 200.000 евра, односно 40.000 евра повеќе!“, додаде членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„За новогодишната прослава за којашто Шилегов велеше НУЛА денари ќе ги чини граѓаните, ги чинела граѓаните 200.000 евра! Првичните 9.660.000 веќе стануваат колку за првите две ставки, колку што требало да чини целиот договор. Со Анексот цената на договорот е плус 40 илјади евра. И еве го договорот со Дино Мерлин. Тука хонорарот е 100.000 евра во нето сума“, објасни тој.

Сето ова, вели Андоновски, покажува дека прославата на нова година за 2020-та која што според Петре првично чинела нула, и за која како што додаде, Петре лажел дека чини 80.000 евра, на крај завршува со 300.000 евра пари на скопјани.

„Математиката е јасна. Договорот и анексот на Шилегов со МКЦ чини 200.000, а договорот со Дино Мерлин е јасен и чини 100.000 евра. Најцрнните напади и кон ВМРО-ДПМНЕ и кон кандидатите за градоначалници започнаа кога беше кажано дека ќе има ревизија на сите договори направени и во Град Скопје и во општините. Ревизија ќе има! За Скопје нема полошо од Петре Шилегов!“, нагласи Андоновски.

Ss1

Можете да прочитате

Муцунски: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски, победи во општини 60 наспрема 2 – волјата на народот за промена на власта е јасна

Таткото на Вања оди во куќен притвор

Сообраќајка кај Градско-четири лица се повредени меѓу кој и двегодишно дете