Утрински Весник
Спорт

Лукас нема да оди во затвор

Лукас нема да оди во затвор
300x250 (7)

Фудбалерот на Баерн Мимнхен, Лукас Ернандез, нема да оди зад решетки. Францускиот репрезентативец утре требаше да започне да ја издржува шест месечната затворска казна. Судот во Мадрид претпладнево ја суспендирал одлуката. Ернандез доби четири годишна условна казна.

Лукас имал жестока расправија со сопругата Амелија, во февруари 2017 година. Тогаш се уште беше играч на Атлетико Мадрид. Тогаш судот го осуди на 31 ден општествено корисна работа и да се се доближува до сопругата.

300x250 (7)

Меѓутоа Лукас и Амелија се венчале и заминале на одмор во Мајами.

По враќањето во Мадрид, Лукс Ернандез беше уапсен.

Шпанскиот суд пред десет дена донесе одлука дека Лукас ќе мора да оди зад решетки бидејќи ја прекршил условната казна.

Ернадез е поранешен играч на Атлетико Мадрид, во 2018 година за 80 милиони евра тој се пресели во Баерн Минхен.

> Лукас нема да оди во затвор <

Ss1

Можете да прочитате

Ливерпул го избра Слот за наследник на Клоп

Американците бараат суспензија и за Јокиќ по инцидентот кој го предизвикаа неговите браќа

Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе играм барем уште еднаш со Надал