Утрински Весник
Свет

(Видео) Американската полиција застрела жена пред зградата на Конгресот

(Видео) Американската полиција застрела жена пред зградата на Конгресот

Полицијата во Вашингтон застрелала една од демонстрантите пред зградата на американскиот Конгрес.

Таа облеана во крв била изнесена на носилки, соопштија американските медиуми.

Жената наводно е во критична состојба, пренесува Си-ен-ен.

Обезбедувањето извадило оружје, откако во зградата на Конгресот биле забележани вооружени цивили.

Некои од демонстрантите кои упаднаа во зградата го веат знамето на Конфедерацијата.

Републиканецот Мајк Галагер, еден од најголемите поддржувачи на Доналд Трамп во Конгресот, го повика претседателот да апелира демонстрантите да се повлечат.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лидерката на германската АфД: Ќе го укинеме еврото, ќе ги затвориме границите и ќе излеземе од шенген

Затворени училишта и канцеларии во Тајван поради обилни дождови во исчекување на тајфунот „Саудел“

Најмалку 30 загинати во одрон на депонија за отпад во главниот град на Гвинеја