Утрински Весник
Свет

(Видео)„Заспа додека го гледаше цел свет“- Трамп го исмеa Бајден што задремал на самитот

(Видео)„Заспа додека го гледаше цел свет“- Трамп го исмеa Бајден што задремал на самитот

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го исмеа актуелниот претседател Џо Бајден (78) затоа што во понеделникот кратко задремал пред неговиот говор на самитот за климатски промени во Глазгов.

„Дури и Бајден не можеше да поднесе да слуша за измамата со глобалното затоплување, седмата најголема измама во Америка“, се пошегувал Трамп откако ги видел фотографиите на кои Бајден задремал.

„Го следат измамите што ги направи на претседателските избори во 2020 година, Русија и Украина. Бајден отиде во Европа велејќи дека глобалното затоплување му е приоритет, а потоа заспа, додека целиот свет го гледаше, на самата конференција. Некој кој навистина верува во некоја тема нема да заспие“, додаде Трамп.

Медиумите потсетуваат дека Бајден беше снимен како седи со скрстени раце и постепено заспива додека се бори да ги држи очите отворени. На видеото, објавено од новинар на Вашингтон пост, како што анализираат, се гледа како 78-годишниот Бајден дреме, по што му приоѓа помошник кој го буди. Бајден потоа ги отвори очите, ги спушти рацете, а потоа му аплаудираше на говорникот кој ја заврши својата презентација.

Можете да прочитате

Претставничкиот дом на САД гласаше за помош од 9 милијарди долари за Украина

Трамп ја поздрави можноста за средба меѓу Путин и Зеленски

Зеленски испрати писмо до Путин: Предлагам крај на војната