Утрински Весник
Спорт

Венгер: Арсенал го подготви Гнабри, а Баерн едноставно го украде

ЛШ: Баерн со голем исчекор кон четвртфиналето, Наполи и Барселона ремизираа

Лондон, 26 февруари 2020 (МИА) – Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, зборуваше за крилниот напаѓач на Баерн, Серж Гнабри.

  • Овој човек нема реална граница на неговата способност. Гнабри има брзина, моќ, технологија, интелигенција, но понекогаш тој бара лесен начин. Тоа беше неговиот проблем. Го испратив во Вест Бромвич и воопшто не функционираше. Да бидам искрен, ми се чини дека имавме договор со него, а Баерн едноставно го украде од Вердер Бремен, изјави Венгер.

Французинот кажа дека во Арсенал биле убедени дека Гнабри ќе остане во клубот.

-Ние го подготвивме и сакавме да потпишеме нов договор, претходниот договор истече и мислевме дека тој ќе остане.

Гнабри синоќа постигна два гола на натпреварот од осминафиналето во Лига на шампиони против Челзи во триумфот на Баварците со 3:0. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга Трим Лум

Карпош домаќин на Европско првенство во кинеско борење

Вардар рутински против Шкупи, Пелистер ја совлада Македонија ЃП