Утрински Весник
Свет

Варијанта на птичјиот грип за прв пат регистрирана кај човек во Кина

Варијанта на птичјиот грип за прв пат регистрирана кај човек во Кина

41-годишен маж во кинеската провинција Џангсу е потврден за прв случај на зараза со птичји грип H10N3. Кинеските здравствени власти велат дека ризикот од ширење во големи размери е мал.

Човекот од градот Женџјанг отишол во болница на 28 април откако добил висока температура, а еден месец подоцна му бил дијагностициран вирус на птичји грип H10N3, соопшти кинеската здравствена комисија. Властите не дадоа никакви детали за тоа како тој се заразил со вирусот.

По надзорот на неговите контакти, не е откриен друг случај на таква инфекција. Човекот бил во стабилна состојба за време на престојот во болница и наскоро ќе биде пуштен дома.

H10N3 е слабо патоген, односно помалку сериозен вид на вирус што се наоѓа кај живината, додaва кинеската комисија.

Постојат неколку различни видови на птичји грип во Кина, и со нив има ретки случаи на инфекција кај лица кои на некој начин се во контакт со живината. Откако вирусот H7N9 усмрти околу 300 лица во текот на 2016 и 2017 година, нема значителен број на човечки инфекции со птичји грип, пишува „Гардијан“.

Досега не се пријавени други човечки случаи со вирусот H10N3, соопшти комисијата.

Можете да прочитате

Лидерката на германската АфД: Ќе го укинеме еврото, ќе ги затвориме границите и ќе излеземе од шенген

Затворени училишта и канцеларии во Тајван поради обилни дождови во исчекување на тајфунот „Саудел“

Најмалку 30 загинати во одрон на депонија за отпад во главниот град на Гвинеја