Утрински Весник
Спорт

Ван Гал: СП во Катар? Смешно

Ван Гал: СП во Катар? Смешно
Dik 300x250 mk

Селекторот на Холандија, Луј Ван Гал, смета дека смешно е што Светското првенство ќе се игра во Катар. ФИФА и покрај сите критики не ја смени одлуката планетарниот шампионат да се игра во оваа земја. Најгласни во критиките се борците за човекови права и оние кои тврдеа дека Катар со поткуп ја добил организацијата на СП.

„Смешно е што ќе се игра во Катар. ФИФА вели дека целта е да се развие фудбалот во таа земја. На кој начин се развива фудбалот? Со организација на турнир? Тоа е глупаво објаснување. Знаеме дека станува збор за пари и комерцијални интереси. За ФИФА тоа е најважно“, рекол Ван Гал.

Холандја избори место на СП кое ќе се одржи од 21.ноември до 18.декември.

> Ван Гал: СП во Катар? Смешно <

Можете да прочитате

Триумф на Ландо Норис на ГН за Бразил

Вардар перфектен, прв пораз за Алкалоид

Данило Божовиќ од „Макпетрол“ е Балкански карате-шампион