Утрински Весник
Македонија

Вакцинирани 46% од граѓаните над 18 години

54 проценти од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.838 дози вакцини, од кои 758 се аплицирани како прва доза, 787 се ревакцинирани, а 2.293 граѓани примиле трета доза вакцина, соопшти Министерството за здравство.

Заклучно со вчера вкупно се вакцинирани 807.528 граѓани, ревакцинирани се 778.482 а трета доза примиле 38.719 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 37% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Колку пари требал да инкасира Богац за наместениот тендер вреден 18 милиони денари?

Денеска се полага првиот дел од државната матура

Следната седмица пријатни летни температури, повторно со локално невреме