Утрински Весник
Спорт

Бјелица се врати во Фенербахче

Српскиот кошаркар Немања Бјелица и официјално стана член на турски Фенербахче. Бјелица се враќа во Европа по освојувањето на титулата во НБА шампионатот со Голден стејт Вориорс.

dobivaj vesti na viber

Бјелица, го носеше дресот на Фенербахче во периодот 2013-2015. Во 2015 година беше прогласен за МВП во Евролигата.

„Професорот пристигна таму каде што му е местото, се врати дома. Уште еднаш добредојде“, стои во соопштението на Фенербахче.
34.годишниот кошаркар, во кариерата бил играч на Црвена звезда, Басконија, Минесота, Сакраменто и Мајами.

Можете да прочитате

УЕФА ќе го тужи Инфантино

Македонската делегација го обжали поразот на Рустемовски

Познати сите учесници во групната фаза на Лигата на шампионите