Утрински Весник
Свет

Бугарски истражители: Познати причините за пожарот во автобусот во кој загинаа 45 луѓе

Бугарски истражители: Познати причините за пожарот во автобусот во кој загинаа 45 луѓе
Ss2

Познати се причините за пожарот во автобусот кој се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија. Ова го соопштија обвинителот Бисер Михајлов и истражителот Мариан Маринов кои работат на расветлување на трагедијата, за време на нивното гостување во емисијата „Лице в лице“ на бугарската телевизија БТВ.

Маринов не сакаше да ја открие причината за пожарот и рече дека ќе им остави на експертите кои веќе вчера повторно извршиле голема проверка на автобусот. Тој додаде дека големо парче од заштитната ограда навлегло во автобусот во пределот на предната гума до предната врата, а резервоарот кој бил пластичен е целосно уништен.

300x250 (7)

Истражителот додаде дека автобусот бил стар и бил на „ремонт“ во Турција и дека целата опрема му е заменета и дека допрва треба да се разјасни дали новата опрема е „нефабричка“.

„ Теориите на заговор кои кружат во јавноста се неточни“ рече Михаилов.

Во автобусот немало експлозив, категоричен е Михаилов, а се осврнува на примероците и брисевите направени од остатоците од автобусот.

Нема докази за канти со бензин, а теориите за шверц на материјали за дрога се смешни што не заслужуваат коментар, рече обвинителот.

Ss1

Можете да прочитате

Хамас повика на ескалација на сите фронтови

Шпанија формира фонд за жртви на сексуална злоупотреба од свештеници

Каталонија поради недостиг на вода гради постројки за преработка на морската вода