Утрински Весник
Свет

Авганистанка се удави во Корана-Со група мигранти илегално влегла во Хрватска

Авганистанка се удави во Корана-Со група мигранти илегално влегла во Хрватска

Авганистанка која илегално влегла во Хрватска со група луѓе се удавила во реката Корана кај Слуњ, извести денеска полициската управа во Карловац.

Утрово на брегот на реката Корана во Точка, место кај Слуњ, полицијата пронашла неколку странци, меѓу кои имало и една мртва жена.

Со кривична истрага е утврдено дека државјанин на Авганистан се лизнал, паднал во реката и се удавил, се наведува во полициското соопштение.

Се уште се утврдуваат сите околности под кои овие лица влегле во Хрватска и илегално ја преминале државната граница, а потоа побарале меѓународна заштита, пренесува Хина.

Можете да прочитате

Членот на израелскиот воен кабинет Ганц најави заминување од Владата ако до 8 јуни не биде усвоен новиот воен план

ИДФ апелира Палестинците од крајбрежните населби да се евакуираат во северниот дел на Газа

Шолц наместо во изборна кампања направи обиколка на поплавените региони во Германија