Утрински Весник
Свет

Бугарскиот премиер во самоизолација

Бугарска министерка: Оставката на Борисов не е на дневен ред

Бугарскиот премиер Бојко Борисов е во самоизолација по контактот со заменик министерот за градежништво, Николај Нанков, кој беше позитивен на коронавирус.Борисов беше тестиран денеска пред средбата во Софија со Кејт Крач, член на американскиот Стејт департмент за економски развој, енергија и развој, објави Ројтерс.

Борисов претходно беше информиран дека Нанков е заразен со Ковид-19, поради што ќе остане дома се додека здравствените работници не проценат дека може да го напушти карантинот.

„Ги чекам упатствата на здравствените работници и дотогаш ќе бидам во изолација. Последниот контакт со Нанков го имав во понеделникот“, напиша Борисов на Фејсбук.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Големи поплави во Шпанија, има и загинати

Трамп пред избори: Над 20 милиони пензионери ќе добијат 90 долари на своите сметки

Млада лаборантка почина од чума во Русија, речиси 200 лица под медицински надзор