Утрински Весник
Свет

Бродови и авиони во базите на НАТО – алијансата испраќа дополнителни сили во Источна Европа

Бродови и авиони во базите на НАТО – алијансата испраќа дополнителни сили во Источна Европа
300x250 (7)

Сојузниците на НАТО денеска ја ставија својата армија на подготвеност и ќе испратат дополнителни бродови и борбени авиони во нивните бази во Источна Европа, зајакнувајќи ги силите и одбраната, во време, како што истакнува НАТО, „кога Русија ќе продолжи да акумулира војници во близина на украинската граница“.

Претходните денови бројни членки на Северноатлантската алијанса објавија соопштенија за актуелната состојба или претстојното распоредување на силите, се наведува на сајтот на НАТО.

Ss1

Данска испраќа фрегата во Балтичкото Море и е подготвена да испрати четири авиони Ф16 во Литванија, како поддршка на мисијата на НАТО во регионот.

Шпанија ќе испрати бродови да им се приклучат на поморските сили на НАТО и размислува да испрати борбени авиони во Бугарија.

Франција ја изрази својата подготвеност да испрати војници во Романија под команда на НАТО.

Холандија, исто така, испрати два авиона Ф35 во Бугарија од април за да им помогне на активностите на НАТО во регионот и ќе ги стави бродот и копнените единици во подготвеност.

Соединетите Држави, исто така, информираа дека размислуваат за зголемување на своето воено присуство на источниот дел на алијансата.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека ги поздравува напорите на сојузниците да ѝ стават на располагање дополнителни трупи на алијансата.

„НАТО ќе продолжи да ги презема сите неопходни мерки за заштита и одбрана на сите сојузници, истовремено зајакнувајќи го источниот дел на алијансата“ – рече Столтенберг, а пренесува сајтот на НАТО.

Ss1

Можете да прочитате

ЕУ ја предупреди Грузија дека усвојувањето на законот за „странски агенти“ ќе биде пречка за европската иднина на земјата

Иран воведе санкции за поединци и правни субјекти од САД и Велика Британија

Кремљ ги дефинираше како неосновани обвинувањата на САД дека руските сили користеле хемиско оружје во Украина