Утрински Весник
Свет

Брисел: Сè уште нема договор меѓу ЕУ и Велика Британија

Брисел: Сè уште нема договор меѓу ЕУ и Велика Британија

Главниот преговарач на Европската Унија, Мишел Барние, им рече на своите колеги од Брисел дека по Брегзит не е постигнат трговски договор со Велика Британија.

Барние изјави дека трите најчувствителни прашања не се решени, но дека тој ќе продолжи со разговорите со Дејвид Фрост, претставникот на Велика Британија, објави Ројтерс.

Барние не е оптимист во врска со конечните резултати од преговорите со Велика Британија и тоа им го соопшти на националните амбасадори на ЕУ за време на денешниот брифинг, откри неименуван висок дипломат на Унијата.

Дипломатот, кој беше на брифингот, рече дека Барние им рекол на своите колеги од ЕУ дека постојат очигледни разлики меѓу двете страни и дека топката сега е во полето на Борис Џонсон, премиерот на Велика Британија.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Мајкрософт“ воведе „црвен код“ по глобалниот пад на Outlook и Teams

Првпат странец ќе претсојува во кинеската вселенска станица „Тјангонг“

Два шпански борбени авиона полетаа од база во Романија поради воздушна цел над Украина