Утрински Весник
Магазин

Брза летна салата од њоки, зеленчук, рукола и сирење

Брза летна салата од њоки, зеленчук, рукола и сирење

Оваа салатата од њоки со медитерански допир преполна е со здрав зеленчук. Има одличен вкус и може да се јаде како главно јадење или како прилог со скара.

Лесната салата со њоки и зеленчук е идеална за ручек или вечера. Се подготвува супер брзо, не е тешка за стомакот и може да се модифицира по желба.

Коцките шунка може да се изостават, а печурките, модриот патлиџан, празот, па дури и белиот или зелен грав се погодни како зеленчук алтернативен за пиперките и доматите.

Состојки: 180 гр њоки (или њоки од сладок компир) • 1 пиперка • 1 тиквичка • 75 гр шери домати • 1 топка моцарела • 20 гр шунка исечкана на коцки (малку маснотии) • 30 гр црвен песто.
2 грсти рукола • сол, бибер, чили снегулки за зачин • сок од половина органски лимон.

Подготовка – 1. Пржете ги њоките на малку масло додека не добијат златно кафеава боја и не станат малку крцкави. 2. Исечете пиперки, тиквички, шери домати и моцарела и ставете ги во голем сад. 3. Во зеленчукот додадете шунка и црвено песто, исечете ги њоките, измешајте ги сите состојки и додадете ја руколата.

Совет: Салата од њоки е исто така одличен прилог за скара и е идеална како јадење за забави во градина.

Можете да прочитате

Американска единица им нуди на војниците бесплатни денови за играње видео игри ако го продолжат договорот

Започнува Runfire Salt Lake Ultra Trail на бескрајната белина на Соленото Езеро

Зошто постојано го проверуваме телефонот и како да ја контролиме навиката?