Утрински Весник
Свет

Борел: 100 дена по почетокот на руската инвазија, ја поддржуваме Украина

Шефот на ЕУ за надворешни работи Џосеф Борел вели дека денеска се одбележуваат 100 дена од руската инвазија на Украина, но и 100 дена силна поддршка од ЕУ за Украина.

„За 100 дена илјадници се мртви, а 6,8 милиони се бегалци. Сто дена неразумно уништување и штета проценета на милијарди. Сто дена се блокирани пристаништата, бомбардирани полиња, блокирани се 22 милиони тони жито“, напиша Борел на својот Твитер профил.

Џосеф Борел додава дека за 100 дена војна во Украина, ЕУ добила помош од 9 милијарди евра, вклучително и 2 милијарди за вооружување на украинските воени сили, пренесе „Танјуг“.

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад