Утрински Весник
Свет

Борел: Русија доживеа голем неуспех

Борел: Русија доживеа голем неуспех

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека војната во Украина е голем неуспех за Русија.

„Се обидоа да го заземат Киев, а сега го напуштија. Гледаат дека е невозможно да се заземе главниот град“, рече Борел на прес-конференција во Луксембург.

„Тие ги прегрупираат своите трупи на исток и Украинците се убедени дека ќе започнат голема офанзива во Донбас во близина на нивните логистички бази“, рече тој. Борел, исто така, ја карактеризира инвазијата како „хорор“.

„Она што го остави руската армија зад себе се убиени цивили, уништени градови, неселективно бомбардирање, како она што го гледаме на железничката станица (во Краматорск). Многу сме загрижени за човечките последици од оваа војна“, додаде тој.

Зборувајќи за новите санкции, Борел изјави дека ништо не е исклучено па ниту нафтата и гасот, но дека се’ уште не е донесена одлука за тоа.

„Лесно е да им се каже на некои земји-членки кои не користат руски гас да не користат руски гас, но кај другите земји-членки кои се многу зависни од рускиот гас, тоа не е така лесно“, рече тој.

Можете да прочитате

Градоначалникот на Нагасаки предупредува на нова нуклеарна војна

Глад и болести се шират во Судан, 25 милиони луѓе загрозени поради недостиг од храна

Германија го запира извозот на воена опрема во Израел и повикува на прекин на огнот во Газа