Утрински Весник
Свет

Борел: ЕУ го подготвува шестиот пакет санкции против Русија

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, на Твитер објави дека Европската Унија подготвува шести пакет санкции за Русија.

„Неиспровоцираната војна на Русија против Украина влијае на глобалната безбедност. Работиме на шестиот пакет санкции насочени кон отстранување на повеќе банки, список на актери на дезинформации и сузбивање на увозот на нафта“, напишал Борел.

„Овие мерки ќе бидат претставени на одобрување пред Советот“, потенцирал тој.

Можете да прочитате

ЕУ сè уште зависи од руските енергетски извори

Почнаа подготовките за трилатералниот самит на Путин, Трамп и Си

Како и зошто метеоролозите им даваат човечки имиња на бурите?