Утрински Весник
Спорт

„Бомба“ од Белград – Жељко Обрадовиќ се врати во Партизан

„Бомба“ од Белград – Жељко Обрадовиќ се врати во Партизан
300x250 (7)

Кошаркарскиот клуб Партизан активира вистинска бомба во преодниот рок. Трофејниот клуб, во новата сезона, од клупата ќе го предводи најтрофејниот европски тренер, Жељко Обрадовиќ.

Српските медиуми, објавија дека Обрадовиќ, со Партизан ќе потпише тригодишен договор. Се согласил да ја прифати понудата, откако од клубот добил ветувања дека ќе му биде обезбеден солиден буџет за да може да го засили тимот.

300x250 (7)

Жељко Обрадовиќ, минатата сезона правеше пауза, откако си замина од Фенербахче.

Обрадовиќ седум години од кариерата играше за Партизан, а во овој клуб ја започна блескавата тренерска кариера. Партизан го предводеше од 1991 до 1993 година, во тој период ја освои својата прва од десет титули европски првак.

Во кариерата Обрадовиќ бил тренер во Хувентуд, Реал, Бенетон, Панатинаикос и Фенербахче. Европски првак не бил само со Бенетон.

> „Бомба“ од Белград – Жељко Обрадовиќ се врати во Партизан <

Ss1

Можете да прочитате

Шкендија ги искористи киксовите на Струга и Шкупи да им се придружи на врвот

Штербик доживеал срцев удар – 24info.mk

Ѓоковиќ се раздели со уште еден тренер од својот тим