Утрински Весник
Македонија

Благодарница за Општина Кисела Вода за успешна соработка со полицијата

Благодарница за Општина Кисела Вода за успешна соработка со полицијата

Скопје, 19 мај 2020 (МИА) – Благодарница за успешна плодна соработка доби градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски од страна на командирот на ПСОН Кисела Вода Љупчо Ѓурчевски, по повод Денот на полицијата, 7 Мај.

Во просториите на Општината тие оствариле средба на која дискутирале за досега сработеното, како и за она што во моментов е најактуелно, преземените заеднички чекори за справување со ширењето на Корона вирусот и заштитата на граѓаните.

Градоначалникот Темелковски, како што соопштија од Општината, ја потенцирал својата подготвеност за понатамошна соработка, како и за планираните заеднички проекти со полицијата, со цел поголема безбедност, нејзино доближување до граѓаните и стекнување на поголема доверба во институциите на системот. мс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Камионот што ја предизвика трагедијата на обиколницата влегол регуларно преку „Блаце“

Томовски: Претседателката веќе не живее во дивоградба – државните вили се легализирани

Томовски: Протекува покривот, канцеларии не се кречени 50 години – следува целосна санација на МРТВ и нови гаража за 500 возила