Утрински Весник
Магазин

Бијонсе во зимска кампања за новата колекција на Адидас со нејзин потпис

По неколку недели промоција, нејзината нова линија на спортска облека „Ајси парк“ конечно треба да излезе викендов.

А Бијонсе прави сè што може за да го промовира асортиманот, вклучително и незакопчана јакна без маица.

39-годишната мегаѕвезда во четвртокот на својот Инстаграм ја промовираше најновата колекција од соработката со германскиот гигант за спортска опрема „Адидас“, насловена „Ајви Парк икс Адидас“.

Неколку часа подоцна таа сподели неколку фотографии облечена во разни креации од новата колекција.

 

Објавата за своите 165 милиони следачи на социјалната мрежа ја дополни со опис: „Ајси парк“ утре 19 февруари, а од 20 февруари на глобално ниво во избрани продавници.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Човештвото чекор поблиску до неограничена чиста енергија

„Плазма“ и „Роса“ ја продолжуваат заедничката иницијатива за да им донесат радост на првачињата

Концертот на Дино Мерлин во Краљево откажан на неколку дена пред настапот