Утрински Весник
Македонија

Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божикните празници

Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божикните празници

По повод претстојните новогодишни празници, утре, 31 декември, отворените и затворените паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе работат до 15 часот, катната гаража до 17 часот, а шалтерите за издавање на договори во Дирекцијата на претпријатието ќе работи до 15 часот.

На 1 јануари, петок, сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат бесплатни за сите граѓани.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 2 јануари (сабота) со вообичаено работно време.

За време на божиќните празници на 06.01. (среда) и 07.01. (четврток) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат бесплатни за граѓаните.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 08.01. (петок) со вообичаено работно време.

Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Велковски: На граѓаните ќе им се овозможи да докупат до две години стаж за пензија

Маж од Кратово со нож прободел полицаец

Уапсени 18 возачи за „безобѕирно управување возило“, 17 возеле без возачка дозвола и еден под дејство на алкохол