Утрински Весник
Спорт

Бензема: Мбапе еден ден ќе заигра за Реал

Бензема: Мбапе еден ден ќе заигра за Реал

Карим Бензена е сигурен дека еден ден, неговиот сонародник, Килијан Мбапе, ќе го облече дресот на Реал Мадрид. Многу е веројатно, Мбапе за осум месец да се пресели во Мадрид. Неговиот договор со ПСЖ истекува на 30.јуни 2022 година.

„Килјан веќе има изјавено дека сака да игра во Реал. Сака да се испроба во друг клуб. Еден ден ќе игра во Реал. Не знам кога, но сигурен сум дека ќе дојде тој ден“, рекол Бензема.

Најдобриот стрелец на Реал, дополнил дека секогаш е тука за да им помогне на младите игра лои го носат дресот на „кралскиот клуб“.

„Реал е најдобриот клуб во светот. Потребно е да вложува во млади играчи, за да можат еден ден и тиа да бидат врвни фудбалери. Јас сум тука да помогнам. Сакам да напредуваат“, заклучил Бензема.

> Бензема: Мбапе еден ден ќе заигра за Реал <

Можете да прочитате

Вардар рутински против Шкупи, Пелистер ја совлада Македонија ЃП

ТФТ ја елиминира Сутјеска, против Широки Бријег за влез во АБА лигата

ТФТ избори финале во АБА 2 лигата